Известување за градежни работи на дел од улица 9 и на дел од улица 532

Почитувани,   Во рамки на програмата на општина Илинденза реконстукција и санација на локални патишта и улици, се врши целосна реконстукција на дел од улица 9 и дел од улица 532 во населните места Илинден и Марино.

Чистење на каналската мрежа

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и…

Прва фаза од асфалтирањето на улиците „9“ и „532“

Општина Илинден интензивно работи на реконструкцијата на улиците „9“ и “532“ во Марино, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на асфалт. Во оваа прва фаза асфалтирани се околу 380 метри.

Извршена есенска дератизација и дезинфекција на територија на општина Илинден

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.

Општина Илинден со апел, да не се уништуваат детските игралишта и јавните површини

Детското игралиште во Илинден, кое се наоѓа во рамки на Дом на култура „Илинден“ и кое неодамна беше пуштено во употреба, сега е вандализирано, односно искршено. Скршени се детските реквизити, лилашката, парчиња се расфрлани низ игралиштето, оштетени се клупите за седење, комплетно е уништена оградата.