Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари средба со новиот претседател на Советот на Општина Илинден, Благоја Митровски и новата советничка Македонка Здравковска

На денешната 38. седница на Советот на Општина Илинден беше верификуван мандатот на новата советничка Македонка Здравковска. Воедно на истата седница за нов претседател на Советот на Општина Илинден е избран советникот м-р Благоја Митровски.

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА: ERAZMUS + Mobility зелени вештини за млади

Во екот на одбележувањето на Неделата на ЕРАЗМУС + (13-19 Ноември 2024), ЕУ иницијатива за образование, обука и млади, Стопанската Комора на Мал Бизнис (SBCh) во соработка со партнерите при меѓународниот проект Green MiCred, Општина Илинден и Институт за Развој на Заедницата од Тетово, организираше јавен настан наменет за академската, деловната заедница и невладиниот сектор.…

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на промоцијата на новото комунално возило на ЈКП „ Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.

Интензивно се работи на изградбата на фекална канализација за дел од населба Илинден

Изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, која е со вкупна должина од 4200 метри, пришто ќе бидат поставени и препумпни уреди, се одвива според предвидената динамика.

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.