Општина Илинден се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Меѓународен турнир во таеквондо во општина Илинден

Во спортската сала ,,Гоце Делчев” во општина Илинден се одржува Меѓународен турнир во таеквондо на кој учествуваат 350 натпреварувачи од Македонија и соседните држави. Овој Меѓународен турнир е во организација на таеквондо клубот „Младост“, а под покровителство на Општина Илинден и Македонската Таеквондо Федерација.

На повеќе локации се поставуваат нови линии за улично осветлување

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Известување за градежни работи на дел од улица 8 во н.Илинден

Почитувани, Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, ќе се отпочене со реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден и истата ќе се работи во фази и етапно.

Градоначалникот му додели плакета на Наце Петрушевски, борец од Илинден во НОБ

По повод одбележувањето на 13 Ноември, 80 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска го посети Наце Петрушевски од населено место Бучинци кој има 103 години и е единствениот жив борец од Илинден, кој учествувал во НОБ.