Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, отворен ден со граѓаните

Во комуникацијата со граѓаните Општина Илинден е транспарентна. За таа цел во просториите на Општина Илинден денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2025 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.

Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“

Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето. Во рамки на одбележувањето во текот на неделата се одржаа повеќе активности во кои беа вклучени учениците. Во подрачното училиште во Мралино се одржаа…

Отворен ден со граѓаните на 30 ноември во просториите на Општина Илинде

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2025 година, пришто во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник кој е достапен, во просториите на Општина Илинден како и електронски на веб страницата: ilinden.gov.mk, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот…

Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ на прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски

Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Поврзување на колекторскиот систем Илинден-Марино со препумпен уред

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за изградба на спој на колекторскиот систем на фекална канализација кој минува низ населените места Илинден и Марино со препумпен уред.

Изградба на ново детско игралиште Јака

Општина Илинден отпочна со изградба на ново детско игралиште во населба Јака, пришто денеска увид во работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека ова е второ детско игралиште во Јака, па така децата и од овој дел на населбата ќе добијат ново катче каде ќе можат да го поминуваат…