Општина Илинден спроведе голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, Општина Илинден спроведе голема хуманитарна акција за донација на храна и хигиенски производи, наменети за социјално загрозената категорија на граѓани на територија на општина Илинден.

Општина Илинден потпиша Декларација за поддршка на Националната платформа на женско претприемништво

Денеска во Општина Илинден беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која како една од целите ќе го поттикнува креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Известување

Почитувани,Ве известуваме дека системот за поднесување на барања за плаќања за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производство на пченица, јачмен, пченка и сончоглед од програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделство за 2022 година е ставен во функција.Рокот за поднесување на барањата е 31 мај 2022 година. Во однос…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во посета на општина Илинден

Во посета на Општина Илинден денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот Александар Георгиевски посетија неколку локации во Општината, каде во тек е реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден организира голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”, за донација на храна и хигиенски средства.

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден

Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште.