Инвестиции во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети ООУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, пришто заедно со директорот на училиштето Дарко Петковски направија увид во активностите кои се спроведени во изминатиот период во ова училиште.

Известување за градежни работи на дел од улица 8 во н.Илинден

Почитувани,Во рамки на програмата на општина Илинден за реконстукција и санација на локални патишта и улици, ќе се продолжи со реконстукција на коловозот и изградба на пешачка патека со одводнување на улица 8 во населба Илинден.

Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.

Одбележување на Водици 2025 во општина Илинден

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.