Успешно спроведена крводарителна акција

Во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена редовна крводарителска акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост, солидарност и посветеност кон спасување на човечките животи со дарување на крв.

Крводарителска акција во петок во Дом на култура „Илинден“

Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 04.04.2025 година (петок) од 09:00 од 13:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв.

Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м², меѓу кои е општинската зграда, како и домовите…

Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден и оваа година ја организира голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”, за донација на храна и хигиенски средства.

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден продолжува да ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Оваа иницијатива подразбира засадување на што е можно повеќе дрвја во урбаните делови на oпштината.