ИЗВЕСТУВАЊЕ

за информирање на граѓаните и засегнатите страни, за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Илинден. Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за социјална политика,…

Доделени Решенија за субвенции на инвертер клими

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Општина Илинден отпочна со реконструкција на спортските игралишта во ООУ Гоце Делчев

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата на спортските терени за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден.

Асфалтирање на улица „119“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.