Инвестиции во средното општинско училиште

Во СОСУ ИЛИНДЕН продолжува инвестирањето во нова и напредна опрема од електротехничка струка за да се создаде иновативна и стимулативна средина за учење и стекнување на трајни и одржливи знаења и вештини.

Финансиска поддршка за спортистите и оваа година во општина Илинден

Најдобрите спортисти од Општина Илинден и оваа година ќе добијат субвенции за постигнатите успеси. Општината и оваа година објави Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на општина Илинден. Јавниот повик е наменет за спортисти жители на општина Илинден кои се натпреваруваат на олимписки игри, светско првенство, европско, балканско и…

Изградбата на фекална канализација во месноста Плац

Во насока на проектот изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, се продолжи со градба на фекална канализација на најнискиот и најкритичниот дел од населеното место Илинден и зафаќање на куќите кои најчесто беа поплавувани при појава на врнежливи денови.

Јавен повик за достава на понуди за поставување урбана опрема

Општина Илинден објавува Јавен повик за достава на понуди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Илинден, на дефинирани локации согласно Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Илинден донесена од Советот на општина Илинден под бр.07-3053/11 од 23.12.2022 година (Сл.гласник на општина Илинден бр.12 од Декември 2022 година).

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за информирање на граѓаните и засегнатите страни, за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Илинден. Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за социјална политика,…