Општина Илинден ја споделува објавата на Општина Кисела Вода за јавен повик за пожарникари

Почитувани, Општина Кисела Вода објави Јавен повик за вработување на пожарникари во Територијалната противпожарна единица. Со цел да ја информираме и заинтересираната јавност од нашата општина, Општина Илинден ја споделува оваа информација. Услови за пријавување (според јавниот повик): – Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа Краен рок за пријавување: 17.07.2025 година…

Асфалтирање на улица „1“ во Јака

Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.

Изградба и асфалтирање на улица во локалната економска зона, Стопански комплекс Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Известување за рационално користење на вода

Почитувани, Во текот на изминатиот период се соочуваме со енормно зголемување на количината на вода пласирана од пумпните и препумните станици на водоводните системи со кои стопанисува ЈКП ″Водовод″ н.Илинден.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 11.07.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.