Изградба и асфалтирање на улица во локалната економска зона, Стопански комплекс Илинден

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден.

Известување за рационално користење на вода

Почитувани, Во текот на изминатиот период се соочуваме со енормно зголемување на количината на вода пласирана од пумпните и препумните станици на водоводните системи со кои стопанисува ЈКП ″Водовод″ н.Илинден.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 11.07.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Известување за прекин на водоснабдување

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци кои се снабдуваат со вода за пиење од системот на ОКТА дека поради планирани активности на трафостаница од страна на АД Рафинерија за нафта – ОКТА на 06.07.2025 година (недела) во период од 08:00 до 17:00 часот ќе останат без вода за пиење.   

Општина Илинден обезбедува нова социјална услуга: „Помош и нега во домот“ за стари лица и лица со попреченост

Општина Илинден, во партнерство со Здружението „Моето гнездо“, во рамки на Третиот јавен повик за развој на социјални услуги, започнува со реализација на нова социјална услуга „Помош и нега во домот“. Услугата е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди континуирана грижа во домашни…