Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во увид на детската градинка „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековната работа на детската градинка „Гоце Делчев“, каде во моментов се одвиваат градежни активности за изградба на нова централна кујна, а набавени се и четири прочистувачи за воздух сместени во заедничките простории, како и реквизити наменети за подобрување на моторниот развој кај децата.

За првпат во општина Илинден набавена цистерна за перење на улици и достава на пивка вода

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на новата цистерна за перење на улици и достава на пивка вода на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Илинден“. Со ова, се прави чекор напред во унапредување на услугите, при што за првпат се овозможува континуирано перење на главните улици низ општината, нова услуга која досега ја немале…

Промовиран Отчетот на општина Илинден за 2021 – 2025 година

Со интонирање на химната на Република Македонија, во изведба на оперскиот пејач, Никола Стојчески, во преполната сала на Домот на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го промовираше четиригодишниот Отчет, односно Извештајот за работењето на Општина Илинден за периодот од ноември 2021 до јули 2025 година, како и промоција на кандидатурата за нов…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 12.09.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Општина Илинден ја споделува објавата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Почитувани, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави два јавни огласи за поддршка на домаќинства за купување инвертер клима уред и за финансиска поддршка на ранливи категории за потрошена електрична енергија.