Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски.

Отворен ден за креирање на Буџетот за 2026

Општина Илинден останува посветена на транспарентната комуникација со граѓаните. Во таа насока, во просториите на Општина Илинден се одржа oтворен ден, на кој граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2026 година.

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2025”

Денес, центарот на спортските случувања е спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден, каде што свечено беше отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2025“. Настанот го организира Македонската џиу-џица федерација, а оваа година учествуваат 23 клубови од седум држави, со повеќе од 280 натпреварувачи.

Успешно спроведена кровдарителска акција

Во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, Општина Илинден, на 28 ноември 2025 година (петок), во просториите на Домот на култура „Илинден“, успешно спроведе крводарителска акција. Акцијата се одржа во периодот од 09:00 до 14:00 часот и беше посетена од голем број хумани граѓани, кои несебично решија да даруваат крв, со цел…

Отворен ден со граѓаните на 28 ноември во просториите на Општина Илинден

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет.

Во петок ќе се одржи крводарителна акција

Во општина Илинден ќе се спроведе крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден” на 28.11.2025 година (петок) од 09:00 од 14:00 часот. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден ќе можат доброволно да даруваат крв. Ги покануваме сите хумани…