Општина Илинден отвори ново детско катче, за среќно и здраво детство

Во соработка со општествено одговорни компании, Општина Илинден и ЈКП „Илинден“, со цел грижа и активен однос кон својата заедница,  отворено е ново катче на ул.  „6 “во населба Илинден. Во рамки  на игралиштето е поставена заштитна ограда, детски реквизити, нишалки и лизгалки,  игралиштето е поплочено и се поставени клупи, канти за отпадоци за почиста…

Нова водоводна линија во дел од н.м Марино и месноста Јака

Локалната самоуправа и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците. 

Опремен нов кабинет по програмирање во СОСУ ,,Илинден”

Во Средното општинско стручно училиште  „Илинден“- Илинден опремен е нов кабинет за потребите на учениците по предметот  програмирање, уредување на веб страни, автоматика, мултимедија, како и за потребите на останатите стручни предмети.

Поставена заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Општина Илинден продолжува со имплементација на активностите со цел поголема безбедност во сообраќајот, особено на критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот.

Пуштена во употреба пешачката патека во Илинден

Денес беше пуштена во употреба новата пешачка патека во населба Илинден, со што ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од општина Илинден. Пешачката патека е во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри, која  се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата…