Биди дел од проектот „Зелена Општина Илинден“, еколошка акција в петок во н.м.  Ајватовци

Општина Илинден  продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“, во петок (25.11.2022 година) во населено место Ајватовци ќе бидат засадени 3000 садници, во соработка со претставници  од концептот  „Treebanks“,  непрофитна организација во секторот за зачувување на животната средина.

Општина Илинден за прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва,  земјоделците се наш приоритет во работата

Во насока кон унапредување на земјоделието, Општина Илинден во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, спроведе акција за бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработливата  почва од 20 различни локации во сите населени места во општината.

Општина Илинден домаќин на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“

Спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден денеска беше домаќи  на меѓународниот турнир во џиу џицу „Скопје Опен 2022“ на кој настапија над 250 борци од Македонија, Германија, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Србија и Република Српска (БиХ).