Општина Илинден изврши замена на старите вакуум пумпи во пумпната станица Јурумлери

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” од Илинден, Ивица Трипуновски денеска направија увид во пумпната станица Јурумлери, каде беа заменети старите вакуум пумпи за гасно хлорирање на водата во оваа пумпната станица.

Презентирани позитивните промени од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Општина Илинден

Во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во Општина Илинден се одржа работен состанок на кој присуствуваа, градоначалникот  Александар Георгиевски,  директорот на Проектот г. Бардул Марку заедно со тимот од Проектот како и претставници од Општината.

Известување

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека поради поголем дефект на примарната водоводна линија во населеното место Кадино, движењето на автобусите на ЈСП Скопје ќе се одвива по измената траса и ќе одвива по сервисните улици 6 и 11, до поврзување со кружниот тек. Ова движење ќе се изведува се до завршување на работите за санација на…

Градоначалникот на Општина Илинден оствари средба со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина  во покраинското Собрание на Војводина, господин  Дејан Панич.

Кристијан Ангеловски беше најбрз до светиот крст во општина Илинден

На централната манифестација од одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Кристијан Ангеловски од Илинден беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокаа во студените води на езерото кај хотелот Белви и го извади светиот крст.