Известување

Општина Илинден ги известува жителите дека во изминатиот период до општината пристигнаа повеќе пријави од граѓани кои го користат патниот премин на железничката пруга што се наоѓа во населеното место Илинден, м.в. Плац, за нефункционирање на рампите и сообраќајната сигнализација на железничкиот премин.

Извршена есенска дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на општината.

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Според конечните резултати, на осмите локални избори, што се одржаа на 19 октомври 2025 година, уште во првиот круг, тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден и во наредните четири години.

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во населеното место Миладиновци се одржа пригоден настан со кој достоинствено беше одбележан овој значаен историски датум. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, присутните изразија почит кон неговата херојска борба за слободна татковина.

Одбележана Детската недела

Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“, најмладите ученици од основните училишта во општина Илинден ја прославија „Детската недела“ и станаа дел од Детската организација. На овој посебен ден, првачињата дадоа свечена заклетва, а нивните постари соученици им приредија културно-уметничка програма исполнета со пеење, глума, игра и заедничко другарување.

Увид во изградбата на секундарната линија на фекална канализација во месноста Плац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес изврши увид на градежните работи за изградба на секундарната линија на фекална канализација, која е неопходна да се извршат приклучоците за домаќинствата на веќе изградената фекална канализација во месноста Плац, во Илинден.