Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве со засилено темпо се работи на 9 краци од улица „11“ во населба Илинден, кои за прв пат се асфалтираат.

Деновиве за прв пат асфалт добија 2 крака (крак 1 и крак 4) од улицата „11“ а во наредните денови ќе бидат асфалтирани и останатите 7 краци.

Увид на работните активности на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека овие улици целосно се реконструираат и асфалтираат по претходно изградените краци за прифаќање и одведување на фекални води како и изградба на дел од водоводна мрежа. На овој начин на граѓаните од овој дел на населеното место Илинден  ќе им се подобри комуналната и патната инфраструктура како и ќе се подобри квалитетот на живот.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период продолжува со активности за изградба, санација и реконструкција на локалните улици и патишта со цел подобрување на локалната патна инфраструктура.