Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден започна со асфалтирање на улиците во населба Јака. Деновиве асфалт доби главната улица ,,120” која е на влезот во населбата во должина од 350 метри. Покрај асфалтирањето ќе биде изградена и пешачка патека по целата должина на улицата.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на работните активности и информираше дека почетокот со асфалтирње на улиците во овој дел на општина Илинден е од огромно значење за жителите. Покрај главната улица во наредниот период ќе се пристапи со асфалтирање и на другите улици, како и изградба на пешачки патеки, за поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.