Во рамки на градежната експанзија која се одвива во Општина Илинден денеска е извршено асфалтирање на неколку улици во населено место Марино.
Станува збор за асфалтирање на улица „409“ во должина од 220 метри, улица „410“ во должина од 240 метри, делот кој ги спојува овие две улици со должина од 90 метри, како и крак на улица „406“ во должина од 90 метри. Покрај асфалтирањето со градежните работи на улиците се опфатени и одведување на атмосферските води.
Во текот на асфалтирањето беше присутен на терен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски пришто рече дека со реализација на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта многу улици се реконструирани и асфалтирани. Конкретно овие улици во изминатиот период беа оштетени од изградба на фекална канализација, а сега добија и асфалт.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.