Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо на подобрување на патната инфраструктура, пришто извршено е асфалтирање и улица „11“ во Стопански комплекс Илинден.

Со градежните работи беше извршена целосна реконструкција со асфалтирање на улицата во должина од околу 600 метри. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајна конекција во индустриската зона каде гравитираат голем дел од компаниите.

На терен беше присутен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона. Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.