Во населеното место Бунарџик во Општина Илинден се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал, посветен на македонскиот бранител Роберт Петковски.

Турнирот, кој има силно меморијално и спортско значење, и оваа година обедини голем број љубители на спортот од Општина Илинден и околината. Во текот на натпреварувачките денови беа одиграни повеќе возбудливи натпревари на кои учествуваа 32 екипи, при што првото место го освои екипата „Гостилница кај Чек“.

На финалето присуствуваше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој упати честитки до организаторите, учесниците и победничките екипи и истакна дека турнирот претставува значаен настан преку кој се негуваат вредностите на заедништво, почит и спортски дух кај младите генерации.

Општина Илинден и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите спортски и меморијални настани кои придонесуваат за развој на здрава, активна и сплотена локална заедница.