Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите.

Во рамки на реконструкцијата извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ограда, нови голови за мал фудбал и нова јутена мрежа, осветлувањето е модернизирано со современи ЛЕД светилки што овозможуваат користење на теренот и во вечерните часови. Дополнително, поставена е висококвалитетна вештачка трева и мини трибина за посетителите и љубителите на спортот.

„Со реконструкцијата на ова игралиште овозможуваме современ, безбеден и функционален простор каде младите ќе можат активно да спортуваат, да се рекреираат и да го поминуваат слободното време во квалитетна средина“, истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за изградба и реконструкција на спортски терени и игралишта и во останатите населени места, потврдувајќи дека поддршката на спортот и младите останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.