Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека поради изведување на градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „9“ во н.м. Илинден, сообраќајот на дел од улицата, на потегот од ООУ „Гоце Делчев“ до административната зграда на Општина Илинден, ќе биде во прекин во периодот од 11.05.2026 година (понеделник) до 15.05.2026 година (петок).

За таа цел, апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да се придржуваат кон поставената сообраќајна сигнализација.

Ви благодариме за разбирањето.