По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март Општина Илинден во соработка со Комисијата за еднакви можности организира интерактивна работилница посветена на самодовербата, личната вредност на жената како и еднаквите можности „Јас вредам – денес и секој ден“.

На работилницата ќе учествува м-р Снежана Андреева, психотерапевт, и претставници од Општина Илинден.

Настанот ќе се одржи на 06.03.2026г (петок) во Домот на култура Илинден со почеток во 18:00 часот .

Ги покануваме сите заинтереирани жени да земат учество на работилницата.