Почитувани, Општина Кисела Вода објави Јавен повик за вработување на пожарникари во Територијалната противпожарна единица. Со цел да ја информираме и заинтересираната јавност од нашата општина, Општина Илинден ја споделува оваа информација. Услови за пријавување (според јавниот повик): – Евидентирани невработени лица во АВРМ – активни баратели на работа

  • Лицата да имаат општа здравствена способност и психофизичка способност и да не боледуваат од кардиоваскуларни, белодробни заболувања, епилепсија и дијабет, и
  • Да се на возраст до 55 години.

Краен рок за пријавување: 17.07.2025 година

Начин на аплицирање: Заинтересираните невработени лица своите Пријави за учество во мерката можат да ги поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје.

Повеќе информации за јавниот повик, потребната документација и формуларите за пријавување може да се најдат на веб-страницата на Општина Кисела Вода:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b0%d0%b6%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-80/

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади лица од Општина Илинден кои ги исполнуваат условите да се пријават!