Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-Декември, Општина Илинден пoсветува посебно внимание на овие лица, нивните права за еднаквост со другите,  самостојно живеење и функционирање во општеството.

Императив на  Општина Илинден е унапредување на положбата на ранливите групи  во локалниот контекст  на заедницата.

Општина Илинден активно работи на создавање на услови за унапредување на правата на лицата со попреченост, создава услови за олеснување на секојдневното функционирање.

За таа цел, оваа година, за потребите во процесот на образованието отворена е  сензорна соба во новото училиште за поголема инклузија на децата со попреченост, отворено е прво детско инклузивно игралиште во рекреативниот спортски центар „Марино“ во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија и општествено одговорни компании.

Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден” како и со здружението на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби „Боиме сино” од општина Илинден.

Главна цел на локалната самоуправа и во иднина ќе биде лицата со попреченост  да имаат еднакви услови за функционирање , интеграција,  еднаквост и благосостоjба во секоја сфера од функционирањето во општеството, посветено работиме кон  отворање на дневен центар   во н.м. Кадино.