Oпштина Илинден објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клими или соларни панели

Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.