Успешно реализирана овогодинешната литературна манифестација „Денови на културата“
Со свечена централна манифестација што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Општина Илинден успешно го заокружи тридневното културно збиднување „Денови на културата 2026“, кое и оваа година обедини бројни љубители на литературата, уметноста и културното творештво.

