Денови на културата во Општина Илинден 2026 – „27. Литературна манифестација“

Општина Илинден и оваа година продолжува со негување и промоција на културата, литературата и уметноста преку манифестацијата „Денови на културата“, која ќе се одржи на 11, 12 и 13 мај 2026 година во Домот на култура „Илинден“. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека поради изведување на градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „9“ во н.м. Илинден, сообраќајот на дел од улицата, на потегот од ООУ „Гоце Делчев“ до административната зграда на Општина Илинден, ќе биде во прекин во периодот од 11.05.2026 година (понеделник) до 15.05.2026 година (петок).