СОСУ „Илинден“ е прво училиште во државата со маса за текбол

Општина Илинден продолжува со вложувања во развојот на спортската инфраструктура и унапредување на условите за младите, при што денес во спортскиот комплекс „Драго Маневски“ се одржа промоција на нова текбол маса.