Втор регионален саем за економски развој во општина Илинден „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“

Во Општина Илинден, на 23, 24 и 25 април (четврток, петок и сабота), ќе се одржи второто издание на Регионалниот саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2026“, кој ќе се реализира во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.