Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи со цел изградба на нова полициска станица
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша Меморандум за соработка со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, подобра координацијата и поефикасно спроведување на законските надлежности на двете институции.

