Општина Илинден започна со реконструкција на улица „11“ во н.м Кадино
Градежните активности за унапредување на локалната патна мрежа во Општина Илинден продолжуваат со засилена динамика. Во изминатиот период продолжи реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во н.м Кадино, проект кој значително ќе придонесе за подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура за жителите.

