Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за првите 100 дена од новиот мандат

Во првите 100 дена од мојот нов мандат како градоначалник на Општина Илинден, покажавме дека довербата што повторно ни ја дадоа граѓаните значи уште поголема одговорност, посветеност и работа со јасна цел, континуиран развој и подобар квалитет на живот за граѓаните на Општина Илинден.