Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2025”

Денес, центарот на спортските случувања е спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден, каде што свечено беше отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2025“. Настанот го организира Македонската џиу-џица федерација, а оваа година учествуваат 23 клубови од седум држави, со повеќе од 280 натпреварувачи.