Асфалтирана ул. „30“ во населба Илинден
Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, Општина Илинден изврши целосната реконструкција на улицата „30“ во населбата Илинден, во м.в. Плац. Станува збор за сообраќајница долга 600 метри и широка 4 метри, којашто доби целосно обновен и современ изглед.

