Свечено отворен „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“

Денес, на 26 јуни, во спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, официјално започна Првиот Регионален саем за економски развој – „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“. Настанот го отворија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, и заменик министерот за економија, Марјан Ристески. Во своето обраќање, градоначалникот ја нагласи важноста на саемот како стратешка платформа за економско поврзување и…