Општина Илинден набави работна машина за потребите на ЈКП „Илинден“ со цел поквалитетни услуги за граѓаните

Во насока на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински комунални претпријатија.