Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Со положување свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци, основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци го одбележа патрониот празник. Настанот беше одбележан со достоинствена церемонија на која присуствуваа градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, директорот на училиштето Дарко Петковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и директори на други образовни институции и на јавните претпријатија.

Завршна приредба на дечињата од детската градинка ,,Гоце Делчев”

Детската градинка „Гоце Делчев“ од општина Илинден со свечена завршна приредба испрати уште една генерација дечиња кон ново животно поглавје – првото одделение. Идните првачиња преку драмски претстави, песна и танц им се заблагодарија на своите воспитувачки за љубовта, трпението и знаењата стекнати во градинката.