Асфалтирање на улица „119“ во Јака
Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

