Известување во врска со јавниот градски превоз

Општина Илинден, по бројни реакции од страна на граѓаните во врска со јавниот градски превоз, ги известува сите жители на општина Илинден дека сите мерки во рамки на општината, во врска со ургенции, барања и известувања за редовноста на автобусите се поднесени до Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и до Град Скопје.

Централна манифестација ,,Денови на културата во општина Илинден 2025”

Во домот на култура Илинден се одржа централна манифестација од програмата на „Денови на култура во општина Илинден 2025“. Изминативе денови исполнети со литература, поезија и уметност, беа скрасени со пишаното слово на најреномираните поети од македонската и странска авторска сцена, како и со истакнати солисти од Националната опера и балет.