Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“
Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ го одбележаа патрониот празник и 122-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев со серија спортски активности и изложбени работилници. Традиционалната прослава започна со свечено положување свежо цвеќе пред бистата на националниот херој, Гоце Делчев, кој се смета за еден од најзначајните идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ…