Во општина Илинден се одржа велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2025“

И оваа година во општина Илинден се одржа велосипедската тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2025”, во организација на Здружението МТБ Илинден, со поддршка на Општина Илинден. На настанот официјално беа пријавени 200 велосипедисти од целата држава, додека неофицијално присуствуваа рекордни 250 учесници.