Премиерот на Владата на Р. Македонија во посета на Општина Илинден

Во рамки на отпочнување на активностите од проектите финансирани од Владата на Република Македонија, Општина Илинден ја посетија премиерот на Владата на РМ проф. др. Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Министерот за локална самоуправа во посета

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за локална самоуправа, Златко Пирински. Целта на посетата на министерот е имплементација на проектот на министерството за локална самоуправа „Каде што срцето е дома“.