Презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2025 година, отворен ден со граѓаните

Во комуникацијата со граѓаните Општина Илинден е транспарентна. За таа цел во просториите на Општина Илинден денеска се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2025 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.