Општина Илинден со апел, да не се уништуваат детските игралишта и јавните површини
Детското игралиште во Илинден, кое се наоѓа во рамки на Дом на култура „Илинден“ и кое неодамна беше пуштено во употреба, сега е вандализирано, односно искршено. Скршени се детските реквизити, лилашката, парчиња се расфрлани низ игралиштето, оштетени се клупите за седење, комплетно е уништена оградата.