На меѓународниот фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “ прогласени најдобрите екипи
Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 2000 учесници од околу 160 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години.