Свечено пуштена во употреба доградбата на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Во присуство на голем број граѓани, родители и деца денеска беа пуштени во употреба новите простории, односно доградбата на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Илинден. На свеченоста присуствуваа премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, пратеници, советници.