Градоначалникот Александар Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња

Новата учебна година успешно започна со сите училишта на територија на Општина Илинден. Училиштата подготвени ги отворија вратите за околу 2000 основци и над 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа околу 170 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани 68 средношколци.